Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека постои можност Европското првенство следната година да се игра во помалку од предвидените 12 држави.
УЕФА не ја исклучува можноста Европското првенство да се игра во една или три држави, наместо според планот во 12 градови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку остане првичниот план Македонија два натпревари од групната фаза ќе ги игра во Букурешт и еден во Амстердам.
„Дејли Мејл“ тврди дека постои веројатност поради страв од Ковид пандемијата УЕФА да донесе одлука Европското првенство да се одигра во една држава.
Велика Британија сака самостојно да го организира Европското првенство и наводно веќе започнале преговори со УЕФА.
Засега претседателот на УЕФА, Александар Чеферин сака ЕП да се игра во 12 градови но доколку не се смири состојбата со коронавирусот, тој е свесен дека Англија е идеален избор за домаќин.
Оваа промена доколку се случи нема да ни одговара на нас Македонците, бидејќи за влез во Англија ни е потребна виза.