Европскиот шампион Вардар успеа да остане единствена непоразена екипа во Лигата на шампиони, откако на гости против Рајн Некар одигра нерешени 21:21.
Херој на „црвено-црните“ и овој пат беше фантастичниот Штербик кој одбрани зицер во последната секунда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото полувреме го одбележа неефикасниот напад на двете страни, многуте грешки и голманските одбрани. Ниту една од екипите немаше поголемо водство од два гола, а на одмор се замина со резултат 11:11.
Вториот дел беше идентичен како и првиот. Во финишот Рајн Некар имаше предност од 21:19, Вардар успеа да изедначи, а последниот напад го имаа Германците. Тие направија одлична позиција за гол, шутираа од шест метри, но Штербик одбрани и не дозволи Вардар да биде поразен.
Ларсен и Петерсен со по 4 гола беа најрасположени во домашниот табор, додека кај Вардар Кристопанс и Дибиров постигнаа по 5, Кањељас 4. Штербик натпреварот го заврши со 13 одбрани.
По девет одиграни кола во Лигата на шампионите Вардар е единствениот тим без пораз и лидер во групата.