Ирвинг Лозано минатото лето пристигна во ПСВ и веднаш блесна во холандското првенство каде постигна 17 гола и запиша 11 асистенции.
Потоа на Мундијалот, Мексиканецот повторно го покажа својот потенцијал и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лозано на стартот на новата сезона повторно е фантастичен, веќе постигна 4 гола и 2 асистенции, а на секој меч го следат скаути од најголемите европски клубови.
Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Атлетико Мадрид наводно веќе почнале да работат на негов ангажман.
„Црвените ѓаволи“ се најсилно заинтересирани и сакаат да го донесат уште во јануари, со оглед на фактот дека Мурињо е во потрага по крилен напаѓач.
Лозано има договор со ПСВ до 2023 година и неговата вредност во моментов изнесува 40 милиони евра, па останува да видиме кој ќе биде негов следен клуб.