Дома Луд Спорт Европскиот рекордер од Прилеп: Дресот од Де Геа ќе го урамам во дневната соба!

Европскиот рекордер од Прилеп: Дресот од Де Геа ќе го урамам во дневната соба!

Откако вчера вечер како „бомба“ во обложувачкиот свет одекна дека Македонец од Прилеп освоил добивка од 520.000 евра денес беше откриен и неговиот идентитет.

Ване Лесновски од Прилеп е човекот за кој денес се зборува, не само во Македонија, туку и на Балканот. Имено, Македонија го има човекот кој ја освоил најголемата добивка на спортско обложување во Европа!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Лесновски вчера како последен натпревар од неговиот тикет ја чекаше средбата помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед, типот на Ване гласеше X2 (нерешено или победа на Манчестер Јунајтед).

Како што е познато натпреварот заврши без победник 0:0, најмногу благодарение на спектакуларните одбрани на Давид Де Геа.

„Благодарен сум на Де Геа и ќе му бидам до крајот на животот! Веќе порачав негов дрес. Сакам да урамам во дневната соба. Навистина заслужи“, заклучи европскиот рекорер, Ван Лесновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Брутална тепачка на навивачи на Црвена Звезда и Штутгарт🎥

Пред натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Штутгарт во Лигата на шампионите дојде до инцидент…