Дома Фудбал Италија Еврогол на Перишиќ, за камбек на Интер на втората позиција во Серија А (Видео)

Еврогол на Перишиќ, за камбек на Интер на втората позиција во Серија А (Видео)

Екипата на Интер повторно славеше. Тие успеаа да ја совладаат Верона по доста напорен меч, а на крајот резултатот гласеше, 1:2.

Немаше премногу шанси во првото полуреме, но Интер успеа да ја искористи шансата по одличното проигрување на Антонио Кандерва.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Центаршутот стигна од десната страна, Валеро фантастично реагираше и погоди за 1:0.

По 13 минути игра во второто полувреме, во игра влезе Пацини, а по прекршувањето на Хандановиќ, Пацини беше стрелец за 1:1 од белата точка.

Овој резултат траеше 8 минути, бидејќи Иван Перишиќ по одбиена топка постигна фантастичен еврогол за 1:2.

Интер сега, повторно е пред Јувентус на табелата во Серија А, има 29 бодови, а пред нив е само Наполи со 31 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…