Дома Фудбал Останато Евра и Суарез конечно се смирија!

Евра и Суарез конечно се смирија!

Фудбалерот на Јувентус, Патрис Евра смета дека Луис Суарез е најдобар напаѓач во светот и му честиташе на освоената „Златна копачка“, иако двајцата беа во конфликт затоа што Уругваецот г наредуваше на расистичка основа.

Непосредно по вчерашното доделување на „Златната копачка“, Евра јавно, преку својот профил на Инстаграм му честиташе на Луис Суарез за големото индивидуално признание.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„На мојот профил на Инстаграм има само љубов, никогаш омраза. Луис, ти си одличен фудбалер и најдобра ‘деветка‘. Честитки. Ја сакам оваа игра”, напиша Евра.

Со тоа францускиот репрезентативец одлучи да го надмине недоразбирањата и да стави точка на нивниот конфликт кој датира уште од 2011 година, кога Суарез расистички го навредуваше Евра, а потоа беше и казнет за тоа.

21-10sua2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тер Штеген сака да ѝ се одмазди на Барселона, а веќе се јави заинтересиран гигант

Барселона јасно му даде до знаење на Марк-Андре тер Штеген дека веќе не смета на него и де…