Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што изјави главниот арбитар пред финалето во ЛШ!

Еве што изјави главниот арбитар пред финалето во ЛШ!

Германецот Феликс Брих изјави дека голема чест за него преставува можноста да го суди финалето во Лигата на шампионите, помеѓу Реал и Јувентус.

„УЕФА ми направи голема чест со тоа што ме избра да го судам најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал“, изјави Брих за официјалната интернет страница на УЕФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога ќе излеземе на теренот и кога ќе започне химната на Лигата на шампионите целосно ќе се фукусирам на натпреварот. Јас и мојот тим ќе дадеме се од себе добро да го започнеме мечот, бидејќи тоа ќе ни донесе дополнителна самодоверба“, додаде Брих.

Финалето во Кардиф ќе биде најголемиот меч кој во кариерата ќе го суди Брих. Тој во 2014 година беше главен судија на финалниот меч во Лига Европа, помеѓу Бенфика и Севиља.

„Нема да е доволно само да бидеме во добра форма и да бидеме добро подготвени за арбитража на такво ниво. Најважен аспект во саботното финале ќе биде работата со луѓето. Работите со 22-ца фудбалери на теренот, а сите тие имаат различни карактери. Мора да бидете во состојба да се поврзете со различни карактери“, смета Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…