Францускиот дефанзивец, Лени Јоро од неодамна е фудбалер на Манчестер Јунајтед, а вчера имаше прилика да го запише и своето деби.
Јоро првиот настап го запиша во пријателскиот натпревар против Ренџерс кој Манчестер Јунајтед го доби со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговите услуги Јунајтед плати 62 милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне и 70. Така тој стана еден од најплатените тинејџери во историјата на Премиер лигата.
Поради тоа и со големо внимание ќе се следат неговите настапи. За дебито може да се каже дека не помина лошо.