Дома Фудбал Лига на шампиони Еве ги сите 32 тима кои се пласираа во Лига на шампиони – групите ќе се знаат денес

Еве ги сите 32 тима кои се пласираа во Лига на шампиони – групите ќе се знаат денес

Со доигрувањето на плејоф натпреварите за пласман во Лигата на шампионите, се знаат и имињата на сите 32 тима кои ќе бидат дел од главната фаза на најпопуларното фудбалско клубско натпреварување оваа сезона. Бранител на титулата е Реал Мадрид.

Покрај актуелниот европски првак, носители на ждрепката ќе бидат уште шампионите на Германија (Баерн), Англија (Челзи), Италија (Јувентус), Португалија (Бенфика), Франција (Монако), Русија (Спартак) и Украина (Шахтјор).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во вториот „шешир“ се имињата на великаните на европскиот фудбал Барселона и Атлетико Мадрид (Шпанија), Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (Англија), ПСЖ (Франција), односно Севилја (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија) и Порто (Португалија).

Најтрактивно име во третиот „шешир“ е Ливерпул, а тука се уште и Наполи, Тотенхем, Рома, Олимпијакос, Базел, Андерлехт, Бешикташ.

Во последниот „шешир“ се Марибор, АПОЕЛ, Селтик, ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон, Феенорд и дебитантите Ред Бул Лајпциг и Карабаг.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе се одржи в четврток од 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…