Барселона се уште е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за повредениот Луис Суарез.
Овие денови многу се пишуваше дека Барселона ќе го доведе Родриго од Валенсија. Тренерот на клубот од „Местаља“ и потврди дека се водат преговори, но на крајот тие пропаднаа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Барселона се обидела експресно да пронајде алтернатива. Изборот паднал на Бразилецот Ричарлисон од Евертон. Овој 22 годишен Бразилец е најдобар играч на Евертон и Барселона испратила понуда за него.
„Скај Спорт“ вечерва објави дека Барселона на адреса на Евертон испратила понуда од 100 милиони евра што било изненадување за клубот од „Гудисон Парк“.
Меѓутоа после разговор со Карло Анчелоти, Евертон ја одбил понудата и им порачале дека Ричарлисон не е на продажба.