„Карамелите“ денес конечно го завршија трансферот за кој долго време се зборуваше.
Нов член на Евертон е Сандро Рамирез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Момчето од Канараските острови, кој фудбалски се градеше во популарната школа на Барса „Ла Масија“ е доведен од Малага после одличната сезона во која постигна 16 погодоци во Примера. „Карамелите“ за услугите на Рамирез платија шест милиони евра.
Младиот репрезентативец на Шпанија потпиша договор на четири години.
21 годишниот напаѓач е четвртото засилување за Евертон во овој преоден рок. Претходно пристигнаа, Џордан Пикфорд, Дави Клансен и Хенри Онејкур.
Доаѓањето на Сандро на „Гудисон Парк“ би требало да го убрза враќањето Ромелу Лукаку од Челзи.
? | ¡Bienvenido, @sandroramirez9! The forward has signed a four-year deal, joining from @MalagaCF. #WelcomeSandro https://t.co/j5xjihkYaX
— Everton (@Everton) July 3, 2017