Дома Македонски спорт Мак ракомет Душебаев повторно во тимот на колото!

Душебаев повторно во тимот на колото!

Алекс Душебаев е најдобриот десен бек во 12-то коло, во Лигата на шампионите. Ракометарот на Вардар по трет пат сезонава е дел од идеалниот тим на колото, во изборот на ЕХФ.

Душебаев го предводеше Вардар до победата над Цеље 35:30 во Лигата на шампионите, каде македонскиот шампион по 12 натпревари е лидер во Б групата.


Покрај Дуешебаев, кој е најдобар десен бек, во тимот на колото според ЕХФ се најдоа уште голманот на Барселона Де Варгас, левото крило на Рајн Некар Сигурдсон, левиот бек на Веспрем Илиќ, средниот бек на Шафхаузен Часар, десното крило на Фленсбург Радивојевиќ и пивотот на Силкеборг Кнудсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…