Дома Останати Кошарка НБА Дурант со одличен настап го реши дербито на вечерта во НБА

Дурант со одличен настап го реши дербито на вечерта во НБА

Кевин Дурант ја обележи изминатата вечер во НБА лигата.

Во дербито на вечерта Дурант беше одлучувачки фактор против Филаделфија. Поради проблемите со коронавирусот лидерот на Истокот беше без неколку играчи, имаа само деветмина на располагање и на крајот славеа пред 17.000 навивачи во Њујорк.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Дурант го предводеше својот тим со 34 поени, 11 скокови и 8 асистенции. Блејк Грифин додаде 17 поени, додека на другата страна Ембид уфрли 32, Сет Кари 29, но тоа не беше доволно.

Во Феникс водечкиот Санси со балансиран напад со осум двоцифрени играчи го нанесоа на Визардси четвртиот пораз во низа. Тимот од Аризона е на 23-5, а славеа на 22 од последните 24 натпревари.

Во Индијанаполис Карис Лаверт го изедначи својот рекорд оваа сезона со 31 поен, безнадежниот Детроит го запиша 13. пораз во низа. Одличен кај Пејерси беше Мајлс Тарнер со 16 поени, 7 скокови и 4 блокади.

Никси добро шутираа тројки ,погодија 17 од нив Квикли седум за 24 поени. Се повреди Дерик Роуз, но одлични беа Фурние со 23 поени и Рендл со 21. Инаку, Њујорки доби пет натпревари во низа против Хјустон,  откако претходно имаа изгубено 27 од 29 натпревари против тимот од Тексас.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Детроит 122:133, Бруклин – Филаделфија 114:105, Хјустон – Њујорк 103:116, Феникс – Вашингтон 118:98, Торонто – Чикаго (одложена).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …