Репрезентатицијата на Хрватска одигра одлично Светско првенство и во Загреб се врати со бронзен медал.




Секако дека еден од најзаслужните за големиот успех на хрватската репрезентација беше голманот Доминик Ливаковиќ.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ливаковиќ бранеше одлично во текот на целото првенство, а најмногу се истакна против Јапонија и Бразил во нокаут-фазата. Против Јапонија Ливаковиќ одбрани три пенали во пенал серијата и така донесе победа за својата селекција.




Дресот од тој натпревар на Ливаковиќ заврши кај капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој е соиграч во Динамо Загреб со чуварот на мрежата на „коцкестите“.




