Tимот на Сутјеска од Црна Гора беше елиминиран во третото квалификациско коло од Конференциската лига со поразот од Санта Колома од Андора.
Неочекуваната елиминација донесе хаос во клубот, а тренерот Ненад Брновиќ заедно со неговиот стручен штаб биле повикани кај раководството кое жестоко ги обвинувала. Не само што вербално биле нападнати, туку им бил изваден и пиштол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуација се случила пред шест дена кога клубот го отпуштил Брновиќ, а тој сега одлучи да открие за јавноста што се случувало во клубот.
„Во таа пригода, моите соработници и јас вербално, а потоа и физички бевме нападнати со цел да бидеме присилени да поднесеме оставки. По нашето инсистирање да ги решиме проблемите и нивните барања на спортски и култирен начин, следеше жесток напад од страна на припадник на обезбедувањето на стадионот, кој резултираше со повлекување пиштол и негово репетирање.
Успеавме без тешки последици да се повлечеме од состанокот, по што, на излезот од зградата на општина Никшиќ, лично ни се заканија од страна на навивачите и ни рекоа дека повеќе не ни ја гарантираат безбедноста“, објави Брновиќ