Дома Фудбал Италија Драма во семејството Погба: Еден од браќата ги уценува Пол и Мбапе

Драма во семејството Погба: Еден од браќата ги уценува Пол и Мбапе

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба бил уценуван и тоа од еден од неговите браќа, Матијас Погба, се вели во соопштението на неговите адвокати.

Шокантна вест се појави во јавноста поради скандалозното видео на предметниот Матијас Погба. Тој е три години постар од својот популарен брат и исто така е фудбалер, но во аматерските дивизии на Франција.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Пред неколку часа, дотичниот објави видео на кое се заканува дека ќе направи скандалозни откритија за играчот од средниот ред на Јувентус, но и за неговиот соиграч во француската репрезентација, Килијан Мбапе. Одделно, на мета на Матијас е и агентката Рафаела Пимента, која ги наследи клиентите на починатиот Мино Раиола, вклучувајќи го и Пол Погба.

Во однос на Мбапе, Матијас Погба го изјави следново: „Ќе ви кажам неколку важни работи за Килијан – ѕвездата на светскиот фудбал. Ќе има и голем број сведоци кои ќе ги потврдат моите зборови. Сето ова може да биде бомба и да крене голема прашина“.

Како одговор, адвокатите на Пол Погба, неговата мајка Јео Мориба и менаџерката Пимента ја издадоа следнава изјава:

„За жал, неодамнешните изјави на Матијас Погба на социјалните мрежи не не изненадуваат. Тие се дел од серијата закани и добро оркестриран обид да се изнуди Пол Погба. Надлежните органи во Италија и Франција беа известени пред еден месец и нема да даваме дополнителни коментари на оваа тема поради тековната истрага“.

Пол Погба и има уште еден постар брат – Флорентен, кој е близнак со гореспоменатиот Матијас. Флорентин Погба исто така е фудбалер и моментално игра во индиската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдињо: Не сакам да го гледам Бразил

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо е разочаран од бразилската репрезентација, која …