Голема драма се случувало утрово на тренингот на Сараево во тренинг центарот на овој тим.
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски кој е капитен на Сараево заедно со соиграчите биле нападнати од фановите. Во целиот хаос најлошо поминале Хоџиќ и Јукиќ кои заработиле повреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Драмата траела неколку часа, интервенирала и полицијата која ги изнесувала играчите надвор од тренинг центарот. Како што пишуваат медиумите во Босна последен тренинг кампот го напуштил токму нашиот Велкоски.
До инцидентот дошло откако Сараево вчера и дефинитивно ја изгуби трката за титулата во БиХ од Борац Бања Лука. Навивачите се гневни затоа што клубот испушти 13 бодови предност кои ги имаше во еден момент.