Кошмарот за некогаш тениски „ас“ Борис Бекер продолжува и понатаму.
Долгот на Бекер изнесува неверојатни 61 милион евра, а токму поради ова човекот кој неодамна беше тренер на Новак Ѓоковиќ би можел да остане буквално без ништо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе е започната распродажбата на имотот на Германецот, вклучувајќи ги и неговите шест Грен слем титули, трите торфеи на Вимболдон, две на Австралија Опен и еден на УС Опен, а претходно му беа запленети четири скапоцени часовници во вредност од 50.000 долари.
Бекер голем дел од парите изгуби поради лошите инвестиции како што е примерот со вложувањето од 100 милиони поврзано со нафтата во Нигерија.
Само од тениската кариера тој заработи околу 53 милиони евра, а во овој момент работи како шеф на секторот за тенисери во Тенискиот сојуз на Германија.