Дома Трансфер зона Дортмунд ја намали цената на Санчо, на потег е Јунајтед

Дортмунд ја намали цената на Санчо, на потег е Јунајтед

Манчестер Јунајтед почнува се повеќе да се доближува до својата најголема трансфер желба ова лето, ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Денешните изданија на „Сан“ и „Билд“ пренесуваат дека германскиот клуб е спремен да ја намали цената за Санчо и да прифати понуда од 90 милиони фунти плус бонуси.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Санчо и оваа сезона блеска во дресот на „милионерите“ и до сега постигна 20 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања.

Медиумите кои се блиски до Манчестер Јунајтед тврдат дека првата понуда од „црвените ѓаволи“ била одбиена и била „тешка“ 80 милиони фунти во кеш, плус 20 во име на бонуси.

Во тој момент Борусија бараше многу повеќе за својата ѕвезда, но сега е спремна да прифати понуда од 90 милиони фунти плус бонуси, а тоа значи дека двете страни се приближуваат кон договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…