Македонскиот репрезентативец, Љупче Дориев повеќе не играч на Шкендија.
Пред дуелите на репрезентацијата со Украина и Англија, Дориев објави дека заминува од клубот и се заблагодари на навивачите за поддршката во изминатите три години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поминати три прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово – БЛАГОДАРАМ е малку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех. Јас останувам голем навивач на Шкендија и сигурен сум дека следуваат нови успеси и радости за клубот и навивачите. Не плачи зошто е крај, смеј се зошто се случи“, објави напаѓачот.