Голден Стејт поведе со 2:0 против Далас во финалето на Западната конференција во НБА лигата со 126:117.




Вориорси беа во негатива во најголем дел од натпреварот, а првпат поведоа на почетокот на четвртиот период кога започнаа да го прават пресвртот. Стеф Кари беше најефикасен во победничкиот состав со 32 поени, Џордан Пул постигна 23 пооени, Кевон Луни 21 поен и 12 скока.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Лука Дончиќ одигра фантастичен натпревар со 42 поени, но и тоа не беше доволно Далас да изедначи во Серијата. Покрај Дончиќ солиден настап имаше и Џејлен Брансон со 31 постигнат поен.




Серијата сега во следните два натпревари се сели во Далас.



