Лука Дончиќ одигра маестрален натпревар за Далас во кој постигна трипл-дабл, но погоди и тројка за победа. Словенечкиот кошаркар натпреварот го заврши со 32 поени, 13 асистенции и 10 скока, но по натпреварот најмногу се зборуваше за ситуацијата со најдобриот дефанзивец во НБА, Руди Гоберт.
Дончиќ преку Гоберт погоди тројка, а потоа му се обрати брутална порака (ТУКА), меѓутоа на прес-конференцијата Лука тврди дека не пцуел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кој го кажал тоа? Јас? Не, зборував на словенечки“, одговори Дончиќ, иако камерите и покажуваа нешто друго.
Доби прашање Дончиќ и за моментите пред шутот.
„Не одлучувам ништо пред акцијата, но гледам што ќе ми дозволи одбраната. Немаше договор да шутирам за победа, но знаев дека морам да дојдам до моето омилен место за да поентирам. Имав многу верба во тој шут и на крајот испадна одлично“, изјави Дончиќ.