Дома Фудбал Италија Донарума потпишува нов договор, но…

Донарума потпишува нов договор, но…

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни повторно ќе седнат на преговарачка маса и дека големи се шансите Донарума да потпише нов договор со Милан.

Откако Донарума одби да потпише нов договор со Милан тежок 5 милиони евра по сезона, настана вистински скандал во Италија, па буквално целата јавност го нападна младиот голман и го нарече „предавник“ и „платеник“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во јавноста настана неверојатно негативна кампања против Донарума, со што значително се наруши неговиот имиџ, па поради тоа неговото семејство и самиот тој побараа да продолжат преговорите за нов договор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека во наредните денови ќе има средба помеѓу Донарума, неговиот агент и Милан, на која ќе присуствува и семејството на голманот, па големи се шансите да го продолжи договорот.

Сепак, медиумите пренесуваат дека во новиот договор најверојатно ќе има откупна клаузула (се уште не се знае сумата), со која Донарума ќе може следното лето да си замине од клубот и да се пресели во Реал Мадрид со кој наводно има договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…