„Газета дело Спорт“ пушува дека иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан не е сигурна, па „росонерите“ веќе почнале да му барата замена.
20-годишниот Донарума игра уште една одлична сезона и е една од ретките светли точки кај „росонерите“, а веќе е прв големан на италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па доколку не го продолжи до крајот на сезоната „росонерите“ ќе бидат приморани да го продадат на лето.
За Донарума постои голем интерес, но Милан одбива да го продаде на големиот ривал Јувентус, па како најверојатна дестинација во моментов се споменува Пари Сент Жермен.
Според Газета дело Спорт, Милан веќе работи на планот Б, односно во случај Донарума дефинитивно да го одбие договорот. Наводно голманот на Удинезе, Хуан Мусо е првиот избор на „росонерите“.