Џанлуиџи Донарума пристигна како големо засилување во редовите на ПСЖ, меѓутоа во Париз улогата на прв голман ја има Кејлор Навас.
Навас има повеќе настапи и бранеше во поважните дуели. Донарума сезонава настапи на 11 натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна Навас настапи на 16 натпревари и од нив 11 беа во Лига 1 и три во Лигата на шампионите




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Француските медиуми пишуваа дека има проблем во соблекувалната на ПСЖ поради таквата конкуренција, но Донарума тврди дека се е во ред.




„Нормално е да има конкуренција, Кејлор е мој пријател. Во Париз притисокот е поголем отколку во Милано, јас играм во клуб кој сака да освои се“, истакна италијанскиот голман.