Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума беше гостин во една популарна ТВ емисија, каде што се дружеше со деца кои му поставуваа разни прашања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нормално, децата секогаш поставуваат интересни, но и искрени прашања, па едно од нив го праша колку заработува.
На Џиџо му стана непријатно и одговори „шест“, а љубопитното дете повторно го праша: „Само шест евра?“, по што настана смеа во студиото.
Меѓу другото Донарума откри дека ова лето го одбил Реал Мадрид и дека никогаш нема да премине во Јувентус или Интер.
Кога едно од децата го праша зошто да не се пресели во Интер, водителот се пошегува и одговори: „Бидејќи таму даваат само 5 евра“.