Серхио Агуеро вчера објави крај на својата неверојатна кариера.
Аргентинецот поради срцевите проблеми ја донесе најтешката одлука во кариерата и кажа крај на 33 години. Еден од главниот кардиолози кој го следеше Агуеро откако за првпат почувствува срцеви проблеми во 2004 година објасни поради што тој бил приморан да донесе таква одлука.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Агуеро има тип на аритмија што во некои случаи може да доведе до прекинување на работата на срцето. Таква аритмија не може да се развие кај „обичните луѓ“ и таа е карактеристична само за спортистите кои со години се изложени на голем напор. Агуеро има мал белег на срцето, пократок од милиметар и тој ја создава споменатата аритмија. Ние тоа можеме да го решиме со вградување на катетар и Кун ќе може да живее нормално, ќе може да спортува, но само рекреативно“.
„Професионалниот спорт е веќе нешто друго, а за тоа Агуеро не е спремен. Ова беше една одлука која мораше да ја донесе затоа што работите можеа да бидат и полоши“, изјави доктор Мигел Вегас.
Во кариерата Агуеро настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Постигна 420 голови и освои 21 трофеј.