Дома Топ вести Докторската игра на Перез: Дали првиот човек на Реал маестрално го „изигра“ Лапорта?

Докторската игра на Перез: Дали првиот човек на Реал маестрално го „изигра“ Лапорта?

Летниот преоден рок се приближува до самата завршница, а изгледа дека во самиот финиш не очекува вистинска „бомба“.

Веќе на големо се најавува доаѓањето на Мбапе во Реал Мадрид, а исто така и Кристиано Роналдо би требало да се пресели во Манчестер Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мбапе одбиваше да го продолжи договорот со францускиот клуб, а челниците на ПСЖ сфатија дека е подобро да го продадат ова лето отколку да го изгубат без оштета на крајот од сезоната.

Ситуацијата ја следеше Флорентино Перез кој одлучи да ја искористи приликата, за овој трансфер се чека само официјалната објава.

Мбапе во редовите на „кралевите“ би требало да стигне за 160 милиони евра, а ПСЖ ќе добие уште десетина милиони преку бонуси.

Во Шпанија сметаат дека сето ова било докторска игра од страна на Перез.

Имено, познато е дека Меси не можеше да остане во Барселона иако постигна договор. Ла Лига ги промени правилата околу платата на играчите, а единствениот излаз беше Барселона да ги продаде своите ТВ права во наредните 50 години, за Лапорта тоа беше незамисливо.

Перез се сретна со Лапорта изгледаше дека му дава поддршка, но како што пишува „Мундо Депортиво“ зад сето тоа стоел посебен план. Откако Барселона го изгуби својот најдобар играч во историјата Перез тргна во акција за доведување на Мбапе. Нема дилеми дека тој ќе биде најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, но и воопшто во Ла Лига.

„Мундо Депортиво“ додава и дека првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас не бил толку вознемирен за заминувањето на Меси затоа што знаел дека ќе пристигне достојна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…