Дома Фудбал Лига на шампиони Доколку има пенали во Кардиф еве кои фудбалери ќе изведуваат, а кои НЕМА да изведуваат

Доколку има пенали во Кардиф еве кои фудбалери ќе изведуваат, а кои НЕМА да изведуваат

Италијанските медиуми тврдат дека двајцата менаџери веќе имаат варијанта. Погодете кој на сите начини ќе се обиде да избегне да изведува пенали!

Многумина прогнозираат реми и пенали, минатата година Реал славеше, на Јувентус не им донесоја среќа во финалето 2003. година, но двете европски титули се должни на пенали.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Платини од белата точка го совлада Хејсел, а во Рим, Владимир Југовиќ по пеналите ја запечати судбината на Ајакс и влезе во легендите на клубот.

Во Реал сигурно ќе шутираат Роналдо, Модриќ и Бензема, како и Бејл доколку биде на теренот. Велшанецот ќе го започне натпреварот од клупата, но се претпоставува дека ќе влезе во игра. Петиот изведувач ќе биде Рамос, а Марсело е во резервите.

Во Јувентус, Диабала, Пјаниќ и Бонучи се сигурни изведувачи, се очекува и Кедира и Алвеш кои имаат огромно искуство кога се изведуваат пенали.

Гонзало Игуаин нема, има лош рекорд, пред две години, Наполи ги чинеше Лига на Шампиони, промаши многу одлучувачки пенали, тој не изведува ниту во Серија А, па нема ни вечерва, доколку ги има.

Кој е во предност кога се пеналите во прашање?

Кејлор Навас ја одведе Костарика далеку на Мундијалот, брани добро пенали, додека Буфон не е познат како специјалист, но играчите повеќе се плашат да му шутираат. Одбрани во оваа деценија доста одлучувачки пенали за Јуве, и покрај тоа што тоа се наведува како негова слаба точка. Но, ќе видиме, тука нема фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола: Во спортот како и во животот не постојат бајки

Манчестер Сити се наоѓа во една невидена и катастрофална серија од пет порази во исто толк…