Дома Фудбал Репрезентации Доказ за фудбалската моќ на Бразил: Идеален тим од играчи кои нема да патуваат на Мундијалот (Фото)

Доказ за фудбалската моќ на Бразил: Идеален тим од играчи кои нема да патуваат на Мундијалот (Фото)

Сите знаеме дека Бразил е една од најголемите фудбалски сили во светот.

Денес селекторот Тите го објави конечниот список фудбалери кои ќе ги бранат боите на „Кариоките“ во Русија (составот можете да го погледнете тука), а изоставени беа навистина фантастични фудбалери.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најмногу внимание предизвика изоставувањето на Алекс Сандро од Јувентус, но и Фабињо од Монако, Давид Луиз и двајцата Рафиња од Интер и Баерн Минхен.
Кога би создале тим од 11 „отпишани“ би добиле навистина една интересна екипа.

Голман би бил Нето од Валенсија, на бековските позиции Рафиња и Вендел од Леверкузен, а во срцето на одбраната Давид Луиз и Данте, во средниот ред, Фабињо, oд Монако, Артур кој потпиша договор со Барса, Рафиња од Интер и Алан од Наполи, Алекс Сандро би бил опција за лево крило, а во нападот Хулк.

Дани Алвеш е изоставен од овој тим бидејќи тој не е во тимот на Тите само поради повредата на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса вечерва ја напаѓа титулата, а еден од адутите неочекувано заврши на операционата маса

Фудбалерите на Барселона вечерва во 21:30 часот гостуваат на Еспањол во 36-тото коло на шп…