Дома Фудбал Полноќен „земјотрес“ од Мадрид: Завршува една голема фудбалска приказна

Полноќен „земјотрес“ од Мадрид: Завршува една голема фудбалска приказна

Вистинска бомба вечерва стигнува од Мадрид. Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во тимот на Орландо во Соединетите Американски Држави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Антоан Гризман е многу блиску до заминување од мадридскиот Атлетико. Неговата нова дестинација во кариерата ќе бидат Соединетите Американски Држави – односно Орландо.

Раководството на американскиот тим е многу блиску до реализација на трансферот. Сè е подготвено за официјалната објава, а Гризман би требало да се приклучи на новиот клуб веќе следната недела.

34-годишникот поголемиот дел од професионалната кариера ја помина меѓу „Јорганџиите“. Апсолутна е икона на клубот.

Член на Атлетико стана во 2014 година. Пет години помина во клубот, а потоа замина во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колку бара ПСЖ и кој е „плафонот“ на Ливерпул за трансферот ан Бредли Баркола?

Фудбалскиот клуб Ливерпул е во преговори со Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредлија Б…