Дома Фудбал Репрезентации Тите одлучи: Бразил го објави конечниот список на фудбалери за Мундијалот!

Тите одлучи: Бразил го објави конечниот список на фудбалери за Мундијалот!

Селекторот на Бразил Тити го соопшти конечниот список патници на Светското првенство во Русија.

Како и што беше најавено, го нема Дани Алвеш кој поради повредата на коленото ќе биде надвор од терените во наредните шест месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тите има фантастичен избор на играчи и многумина ќе се согласат дека од овие играчи можат да се состават два подеднакво силни репрезентации.

Доволно е да земете во предвид дека на голот ги имате Едерсон и Алисон, во одбраната Данило, Фагнер, Тиаго Силва, Миранда, Маркињос, Марсело, Фелипе Луис.

Во средниот ред: Касемиро, Паулињо, Фернандињо, Ренато Агусто, Кутињо, Фред, Вилијан.

Во нападот: Нејмар, Фирмино, Габриел Хесус, Даглас Коста и Тајсон.

Нема сомневање дека Тите ќе биде ставен на „слатки маки“ во изборот на вистинската комбинација, но јасно е зошто Бразил е еден од главните фаворити за трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…