Дома Фудбал Германија Доказ дека соништата се остваруваат: Од бегалски камп, до Баерн Минхен!

Доказ дека соништата се остваруваат: Од бегалски камп, до Баерн Минхен!

Алофонсо Давис е роден во бегалски камп, а сега би можел за 17 милиони фунти да заигра за Баерн Минхен.

Канадскиот „вундеркинд“ во 2019 година ќе потпише за Баерн, а пред 18 години е роден во западноафрички бегалски камп. Поради тоа неговата приказна е неверојатна, моментално игра за Ванкувер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го договори неговиот трансфер за 17 милиони фунти и тој е најголем трансфер во историјата на МЛС лигата.

Давис одигра повеќе од 50 меча за Ванкувер, а роден е во Гана во 2000 година. Кога започна втората либериска граѓанска војна, неговите родители Викториа и Деба побегнале во Канада.

„Мораше да газиме преку мртви тела за да најдеме храна. Беше тешко, а и многу опасно. Носевме оружје иако не знаевме да ракуваме со него“, раскажува неговиот татко.

Неговите родители патувале стотина километри, а на крајот нашле засолниште во бегалски камп во Гана. Алофонско првите пет години од животот ги поминал во логор, а потоа се преселиле во Канада, каде детето добило шанса да го формира својот живот во здраво опкружување.

Минатата година доби канадско државјанство, а со трансферот во Баерн Минхен ќе се остварат неговите соништа да заигра на највисока сцена во Лигата на шампиони.

За каков талент станува збор најдобро покажува фактот што за него интерес покажаа Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а Баварците за неговиот потпис искешираа рекордна сума во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …