Ова тешко дека може да се прости, но и онака е познато дека тој своето во Париз го одигра.
ПСЖ вчера доживеа пораз од 1:3 од Манчестер Јунајтед во Париз и така го заврши својот настап во Лигата на шампионите оваа сезона. Победата од 0:2 во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ не се покажа како доволна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тухел беше разочаран (тука), Нејмар на Инстаграм го нападна главниот судија (тука), Маркињос порача причината за поразот да не ја бараат во судењето, туку во своите редови…Меѓутоа на еден играч на ПСЖ овој пораз и не му падна тешко.
Имено, играчот за врска на „светците“, Адриен Рабио беше на забава, додека неговите колеги губеа на „Паркот на принцовите“.
Познато е дека Рабио го одигра своето на „Олд Трафорд“, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со клубот, па Французинот ги одработува последните денови од соработката со клубот во кој израсна.
Го бараат бројни европски клубови, беше на чекор од договор со Барселона, но потоа Барселона го обезбеди Френки Де Јонг од Ајакс, па работата со Рабио како да е стопирана.
Како и да е јасно е дека Рабио после завршувањето на сезоната ќе го гледаме во друга средина.
La défaite du PSG d'hier soir ?? Rabiot n'en a rien à foutre. Il est partie en boîte juste après le match sombre merde va (vidéo sur instagram (isaachaddad) pic.twitter.com/wCrtVY17Fm
— BADDIE??? (@baddieparisian1) March 7, 2019