Додека фудбалот е стопиран голем потрес го погоди белгискиот фудбал.
Имено, белгискиот Фудбалски Сојуз откри многу нерегуларности во работењето на Стандард Лиеж и поради тоа клубот не доби лиценца за наредната сезона и за првенството за Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Објавено е дека Стандард пркершил повеќе правила помеѓу кои се неисплатени бонуси кон осум играчи во износ од над милион евра. Комисијата и претходно укажувала на овие неправилности, но клубот не ги подмирил овие долгови, потоа дојде кризата од коронавирусот па клубот се најде во дополнителни финансиски проблеми.
Нерегуларности биле утврдени и при продажбата на стадионот.
На крајот клубот не доби про-лиценца, а тоа значи дека наредната сезона може да игра само во некој аматерски ранг од белгискиот фудбал. Ова веројатно ќе доведе до тоа клубот кој зад себе има десет титули во домашниот шампионат да почне од почеток бидејќи би следувал банкрот и заминување на фудбалерите.
Покрај Стандард лиценци не добија, Мускрон и Остенде, меѓутоа Стандард секако е најголемото име.