Реал Мадрид е многу блиску до комплетирање на трансферот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, пренесуваат шпанските медиуми.
Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за неговиот потпис, но Реал Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и веќе го известил својот агент за одлуката, па ги одбил сите други опции.
Шпанскиот гигант, наводно е подготвен да испрати понуда од 120 милиони евра плус бонуси, која треба да биде доволна за да ги задоволи апетитите на германскиот клуб.
Во Реал расте оптимизмот дека трансферот може да биде договорен до крајот на месецот, а Белингам да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ во јуни. Тоа ќе биде најскап трансфер во историјата на „кралскиот“ клуб.
🚨💣 Real Madrid are increasingly optimistic to sign Jude Bellingham. They have moved in silence, all the steps that are being taken indicate to him joining Real Madrid. @marca pic.twitter.com/CraZbTNfiU
— Madrid Xtra (@MadridXtra) January 5, 2023