Дома Останати Договорено: Ова е најскапиот договор на еден играч во историјата на спортот!

Договорено: Ова е најскапиот договор на еден играч во историјата на спортот!

Во Македонија бејзбол не се следи премногу и веројатно името Мајк Тронт на многумина не им значи многу.

Меѓутоа овој човек кој е бејзбол играч според пишувањата на „ЕСПН“ наскоро ќе го потпише најголемиот договор во историјата на спортот и за 12 години во овој тим ќе заработи дури 430 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој така ќе го сруши рекордот на својот колегра Брајс Харпер кој неодамна со Филаделфија Фајлс потпиша договор на 13 години за 330 милиони долари. Тоа беше најголемиот договор помеѓу некој спортист и еден клуб во историјата, а 27 годишниот Тронт ќе надмине рекордерот помеѓу сите спортисти боскерот Канело Алварез кој доби договор вреден 365 милиони долари со стриминг сервисот ДАЗН за 11 борби.

Меѓутоа според листата на Форбс најплатен спортист во светот и понатаму е боксерот Флојд Мејведер кој само за една борба инкасираше 275 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…