Македонија одигра добри 45 минути во кои создаде повеќе прилики за гол, додека Исланд создаде само две-три полушанси.
Од првата секунда тргнавме офанзивно. Трајковски ја испрати првата закана кон голот на Исланѓаните, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство стигнавме во седмата минута кога Алиоски по додавањето од Трајковски испрати една силен удар кој беше неодбранлив за Олафсон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
И по голот продолжи нашата офанзивна игра. На пет минути пред крајот на полувремето Чурлинов постигна гол за Македонија, но истиот беше поништен поради минимален офсајд.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 14, 2021