Сантијаго Солари донесе подобрување во играта на Реал, се уште тоа не е нивото кое се очекува од „Кралскиот клуб“, но оди на патот кон подобро.
Заминвуањето на Лопетеги создаде големи проблеми на Аргентинецот кој веднаш по доаѓањето на клупата на првиот тим мораше да донесе неколку многу важни одлуку. Една од нив беше и тоа Тибо Куртоа да го стави за прв голман кој минатото лето беше платен 45 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лопетеги не имаше храброст или не знаеше да процени кој треба да биде на голот, па Навас и Куртоа се менуваа се додека не пристигна Солари. Тоа беше во корист на Куртоа, Навас не беше задоволен од тоа и сакаше да си оди, меѓутоа по разговорот со Аргентинецот ја прифати својата нова улога во екипата.
Нешто што се закануваше да направи нов проблем во соблекувалната, сега е на свое место.