Дома Фудбал Англија Добри вести за Ливерпул: Фирмињо спремен за Барса

Добри вести за Ливерпул: Фирмињо спремен за Барса

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо ги обнови тренизите со остатокот од тимот и ќе биде спремен за утрешниот меч против Барселона.

Фирмињо поради повреда го пропушти последниот дуел на „црвените“, против Хадерсфилд во Премиер лигата и менаџерот Клоп не беше сигурен дали Бразилецот ќе му биде на располагање за мечот со Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес клубот од „Енфилд“ објави снимки од денешниот тренинг на кои се гледа дека Фирмињо тренира заедно со остатокот од тимот и ќе биде спремен за полуфиналниот натпревар од Лигата на шампиони.

Фирмињо е еден од најважните фудбалери во тимот на Клоп, а оваа сезона во Лигата на шампиони постигна четири гола за „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Комедија: Суарез го промаши голот, па погоди полицаец – директно во глава!

Интер Мајами триумфираше со 2:1 во пријателскиот натпревар против Атлетико Насионал, одигр…