Дома Фудбал Англија Добри вести за Ливерпул пред дуелот со Наполи

Добри вести за Ливерпул пред дуелот со Наполи

Тиаго Алкантара се врати на тренинзите и е дел од тимот на Ливерпул кој патуваше за првиот дуел од групата А во Лигата на шампионите против Наполи.

„Тиаго тренираше два дена по ред и е подготвен. Мора да видиме колку долго ќе може да игра“, изјави менаџерот Јирген Клоп пред натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, капитенот Џордан Хендерсон останува надвор од терените поради повредата што ја заработи при минатонеделната победа над Њукасл. Играчот од средниот ред ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.

Фабио Карваљо и Кертис Џонс исто така не отпатуваа за Италија и нема да бидат на располагање за мечот против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез ја исполнува првата желба на Арбелоа, а и Клоп нема да се буни

Иако зимскиот трансфер период се приближува кон крај без очекуваните големи потези, Реал М…