Дома Фудбал Италија Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Младиот италијански фудбалер Николо Фаџоли беше во центарот на обложувачки скандал и неодамна доби суспензија од 7 месеци.

Клубот ќе му даде целосна поддршка на Фаџоли кој се соочи со тешки моменти поради неговата зависност од коцкање. „Старата дама“ имаше можност да му ја намали платата поради суспензијата, па и да го раскине договорот, но се случи спротивното.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Фаџоли денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2028 година.

Фаџоли е еден од најголемите италијански таленти, па Јувентус верува дека ќе биде важен дел од тимот во иднина.

„Јувентус со задоволство може да потврди дека го продолжи договорот со Николо Фаџоли до 30 јуни 2028 година“, стои во соопштението на клубот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се судрија ѕвездите на Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, мораше да интервенира за да ја смири ситуацијата и…