Дома Топ вести Доаѓањето на Фернандеш ќе значи заминување за Пол Погба

Доаѓањето на Фернандеш ќе значи заминување за Пол Погба

Манчестер Јунајтед после долги преговори успеа да го договори португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, кој најверојатно утре ќе дебитира за „црвените ѓаволи“.

На Солскјер му беше потребен креативен играч за врска, со оглед на фактот дека Погба ја пропушти скоро целата сезона поради повреда.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Притоа, англиските медиуми тврдат дека доаѓањето на Фернандеш ќе значи дека Јунајтед се подготвува за живот без Французинот, па на лето готово сигурно ќе го продаде Погба.

Фернандеш се смета за совршена замена за Пол Погба, кој долго време бара заминување на Манчестер Јунајтед. Тој е на радарот на Реал Мадрид и Јувентус од минатото лето, па се очекува да заврши во еден од овие клубови.

Јунајтед минатото лето за слободата на Погба бараше 150 милиони евра, но после лошата сезона, цената на Французинот драстично падна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…