Дома Фудбал Лига на шампиони Ди Франческо: Штета што не остана 2:0, во Порто нема да се браниме

Ди Франческо: Штета што не остана 2:0, во Порто нема да се браниме

Тренерот на Рома, Ди Франческо беше задоволен после синоќешната победа против Порто и порача дека неговиот тим нема да се брани во реваншот.

Да потсетиме, Волчицата во првиот натпревар од сомина финалето славеше на Олимпико со 2:1, а Ди Франческо порача дека му е жал што не остана 2:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Малку е штета поради резултатот, но им честитам на моите играчи поради заедништвото, креирањето многу шанси и добрата игра во дефанзива. Единствено ми е жал што не остана 2:0, но мило ми е што одигравме добар натпревар.“

Ди Франческо порачува дека неговиот тим нема да се брани во реваншот:

„Можам да кажам дека сега најголема грешка би било да ја браниме оваа предност во реваншот. Вечерва видовме дека и најмалата непредвидена ситуација може да промени многу. Сепак, единствените луѓе кои не грешат се оние кои не работат ништо. Нормално, ќе има грешки, но тоа е начин да напредувате.“

Реваншот помеѓу овие два клуба е на распоредот на 6. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул сака да го замени Исак со напаѓач за кој ПСЖ плати 80 милиони евра!

Ливерпул има намера да го обезбеди напаѓачот Гонзало Рамош од Пари Сен-Жермен на шестмесеч…