Тренерот на фудбалерите на Рома, Еусебио Ди Франческо денес зборуваше за медиумите, а најмногу се задржа на Кристиано Роналдо и Јувентус.
Според него самото доведување на Роналдо не значи и дека Јувентус ја освоил титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доведувањето на таков играч кој голем победнички менталитет може да му помогне на Јувентус во остварување на европски амбиции. Но, ништо не е однапред освоено“, изјави Ди Франческо за италијанските медиуми.
Јувентус доминира во италијанскиот фудбал, а со доведувањето на Роналдо дополнително ја зацвртси својата позиција.
„Нашата цел е да направиме се што можеме за да бидеме подобри. Нема да биде лесно, но сакаме да бидеме подобри од претходната сезона“, заврши Ди Франческо.
Рома минатата сезона заврши како третопласирана во Серија А, зад Јувентус и Наполи, а во Лигата на шампионите стигне до полуфиналето.