Синоќа во рамките на 10. коло во Серија А се одигра натпреварот помеѓу Наполи и Рома (1:1).
Рома до 14. минута водеше благодарение на погодокот на Ел Шарави, но домашниот тим во последните моменти од натпреварот дојде до заслужен погодок и така задржа каков-таков чекор со првопласираниот Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Рома, Ди Франческо после натпреварот призна дека Наполи го заслужил освоениот бод, иако до изедначување стигна во 90. минута.
„Треба да бидеме искрени, Наполи го заслужи бодот. Но, не заборавајте дека и ние промашивме неколку прилики да зголемиме на 2:0, дури и во второто полувреме.“ – изјави тренерот на Рома и додаде:
„Се уште имаме фудбалери кои не знаат што значи да играш за клуб како Рома. Мислам дека добро се браневме вечерва, но за жал го примивме тој гол. Овој тим не е изграден да се брати длабоко и да го губи својот идентитет кога треба да се брани. Сакаме да го имаме поседот и да бидеме офанзивни, но вечерва мораше да го форсираме планот Б.“
Рома после 10 одиграни кола е на осмото место со 15 бодови, но толку има и петопласираната Фиорентина.