Изгледа дека Матијас Де Лихт конечно избрал каде ќе ја продолжи кариерата!
Како вчера доцна вечерта објави реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, Де Лихт кариерата нема да ја продолжи во Барселона, туку во Пари Сен Жермен!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ди Марцио објави дека менаџерот на Де Лихт, Мино Раиола ќе отпатува во Париз во наредните денови каде што ќе ги договори сите детали околу трансферот и 19 годишниот фудбалер ќе го облече дресот на клубот од Париз!
Ова е прилично изненадување, затоа што во фудбалската јавност преовладуваше мислењето дека Де Лихт ќе се пресели во редовите на Барселона која, но очигледно младиот фудбалер имал други планови.
Очекувањата се ПСЖ за услугите на Де Лихт да плати сума помеѓу 75 и 80 милиони евра.
#Calciomercato | Il #Psg si avvicina a #DeLigt https://t.co/Qh4ArUMuCD
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 11, 2019