Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанските гиганти Милан и Наполи, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.
Од друга страна Наполи е силно заинтересиран и во Ди Марија гледа замена за Инсиње, но проблем може да биде високата плата на Аргентинецот.
Во секој случај „Екип“ тврди дека Ди Марија од лето сигурно ќе се пресели во Серија А, останува да видиме во кој од овие два клуба.
#Psg , #DiMaria verso l'addio a fine stagione"👇 https://t.co/WxFYQ3Y2NC
— Corriere dello Sport (@CorSport) March 13, 2022