Дома Фудбал Ди Марија за условите во Белград: Од огнометот не можевме да спиеме

Ди Марија за условите во Белград: Од огнометот не можевме да спиеме

Во првото коло од Лигата на шампионите, Бенфика ја совлада Црвена Звезда во Белград со 2:1 и ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите.

Португалците поведоа со голот на Турчинот Керем Актуркоглу во деветтата минута, а победата ја потврдија со голот на неговиот сонародник Оркун Кокчу во 29. минута.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Милсон на четири минути пред крајот.

По мечот изјава даде напаѓачот на Бенфика, Анхел Ди Марија.

“Знаевме дека ќе биде тешко. Не можевме да спиеме поради огнометот во текот на ноќта. Но, одигравме одличен натпревар. Работевме добро. Знаевме дека ќе бидеме под притисок, но сè заврши добро”, изјави 36 годишниот Аргентинец, кој е прогласен за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбранетиот пенал не е случајност: Раја е мајстор за пенали – статистиката е доказ!

Чуварот на мрежата на Арсенал, Давид Раја беше херој на лондонскиот клуб во вчерашното рем…