Дома Фудбал Останато Ди Марија: Ги „изедовме“ од првата минута

Ди Марија: Ги „изедовме“ од првата минута

Крилниот фудбалер на ПСЖ, Анхел Ди Марија беше воодушевен од настапот на својот тим во победата против Лајпциг од 3:0.

Ди Марија беше прогласен за најдобар играч во полуфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ги изедовме од првата минута, напорно работевме цел натпревар и заслужено се пласиравме во финалето. Многу сме среќни ова е прво финале за клубот, а ние одигравме фантастичен натпревар. Сакаме да испишеме историја и во тоа веќе успеавме, а мораме да продолжиме вака за нашиот сон да стане реалност“, изјави Ди Марија.

Претходно ПСЖ само еднаш во својата историја стигна до полуфиналето и тоа во сезоната 1994/1995 кога изгубија од Милан.

„Во финалето сме и тоа е единствено важно, Лајпциг е одличен тим, но поради нас изгледаше слабо“, изјави Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…